За нов премиер на Австрија до одржување на изборите е назначена Бригите Бирлајн

Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен соопшти дека до одржување на предвремените парламентрани избори функцијата премиер ќе ја извршува претседателката на Уставниот суд Бригите Бирлајн

1211533
За нов премиер на Австрија до одржување на изборите е назначена Бригите Бирлајн

Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен во дадената изјава за печатот потсети дека на одржаното гласање во Парламентот падна Владата на Себастијан Курц и дека согласно Уставот треба да биде избран новиот премиер на земјата.

Претседателот Белен соопшти дека до одржување на парламентраните избори функцијата премиер ќе ја извршува претседателката на Уставниот суд Бригите Бирлајн.

Тој рече: „Чувствувам задоволство од претставување на д-р Бригите Бирлајн која во наредните денови ќе почне да ја извршува должноста премиер на Австрија.“

Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен подвлече дека нема сомневање во тоа оти новата влада што ќе ја формира Бирлајн во најскоро време ќе биде составена од значајни имиња експерти и дипломати, кон кои ќе има доверба секој.

Претседателката на Уставниот суд Бригите Бирлајн која стана прва жена премиерка на Австрија му се заблагодари на претседателот Белен и рече дека ќе работи за формирање на новата влада во најскоро време.

Владата на премиерот Себастијан Курц не можеше да добие доверба од Националниот Парламент на Австрија и неговата влада падна.

Минатата недела во печатот во Австрија беше објавена видео снимка во која се гледа како поранешниот претседател на екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) и вицепремиер Хајнц-Кристијан Штрахе во 2017 година на шпанскиот остров Ибиза остварува средба со еден руски инвеститор на кого му вели дека „доколку и се помогне на неговата партија на парламентарните избори кои наближуваат ќе обезбеди олеснувања за доделување на некои државни тендери на Русија“.

По оваа скандалозна снимка, вицепремиерот и поранешен претседател на  екстремно десничарскиот коалиционен партнер Слободарската партија на Австрија (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе оставка на функцијата и ја напушти владата.

Веднаш потоа, премиерот Себастијан Курц соопшти дека заврши коалиционата влада и дека ќе се оди на предвремени избори, додека претседателот Александер Ван дер Белен упати повик за одржување на предвремените парламентарни избори во септември оваа година.



Слични вести