Сириските режимски сили извршија топовски напад во близина на набљудувачки пункт на турската војска

Режимските сили отворија топовски оган на место во близина на набљудувачкиот пункт број 10 формиран од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во областа Завије во северозападното рурално подрачје на градот Хама, јужно од градот Идлиб

1212031
Сириските режимски сили извршија топовски напад во близина на набљудувачки пункт на турската војска

Режимските сили во Сирија реализираа топовски напад во близина на набљудувачки пункт на Турските вооружени сили (ТВС) формиран во рамките на мисијата за набљудување на прекинот на огнот во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

Силите составени од армијата на режимот и странските терористички групи поддржани од Иран отворија топовски оган на место во близина на набљудувачкиот пункт број 10 формиран од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во областа Завије во северозападното рурално подрачје на градот Хама, јужно од градот Идлиб.

Во нападот не беше причинета било каква штета во набљудувачкиот пункт.

Се претпоставува дека нападот е извршен од планинските предели источно од Латакија или од областа Керим во руралното подрачје на градот Хама.

Истото место претходно беше цел на режимските сили и на 29 април и на 4 и 12 мај.  

Инаку, Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на договорите од Астана располагаат со вкупно 12 набљудувачки пунктови кои што ги формираа за одбрана на прекинот на огнот во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

На оддаделечност од неколку километри  пак, веднаш наспроти наведените набљудувачки пунктови се распоредени единиците на режимот на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран.



Слични вести