Ниту една земја нема да биде ослободена од санкциите врз Иран

Политиката на претседателот Доналд Трамп и државниот секретар за надворешни работи Мајк Помпео се заснова на максималното намалување на продажба на иранската нафта

1212095
Ниту една земја нема да биде ослободена од санкциите врз Иран

САД соопшти дека ниту една земја нема да биде ослободена од санкциите врз Иран и дека основната политика е да се намали продажбата на иранската нафта на нула.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Морган Ортагус на неделната прес конференција одговараше на прашањата на новинарите.

На прашањето во врска со тоа дали во рамките на санкциите кои што САД ги спроведува врз Иран, ќе бидат поштедени земјите кои што купуваат нафта од Иран како што се Индија и Кина, Ортагус одговори:

„Политиката на претседателот Доналд Трамп и државниот секретар за надворешни работи Мајк Помпео се заснова на максималното намалување на продажба на иранската нафта. Затоа во врска со ова прашање нема никакви ослободувања и олеснувања. Пред една година голем број луѓе рекоа дека едностраните санкции нема да бидат од корист. Но како што можете да видите беа од корист. Голем број лица и земји истакнаа дека нема да се придржуваат на санкциите на САД, но со текот на времето почнаа да се придржуваат. Дури најагресивните европски компании и банки излегоа од Иран и се придржуваа кон нашите санкции“ рече портпаролот Ортагус.



Слични вести