Во бродска несреќа во Дунав во Будимпешта загинаа најмалку 7 лица, а се трага по уште 21 лице

Во реката Дунав кај унгарскиот главен град Будимпешта брод на кој се наоѓале вкупно 35 лица се судри со друг брод и во несреќата животот го загубија 7 лица, 7 лица беа спасени, а проодлжува да се трага по уште 21 лице кои се водат како исчезнати

1211047
Во бродска несреќа во Дунав во Будимпешта загинаа најмалку 7 лица, а се трага по уште 21 лице

Во бродска несреќа до која дојде синоќа во реката Дунав во главниот град на Унгарија, Будимпешта, животот го загубија 7 лица, 7 лица беа спасени, а продолжува да се трага по уште 21 лице кои се водат како исчезнати.

Туристички брод на кој се наоѓале вкупно 35 лица од кои 33 јужнокорејски туристи и двајца Унгарци членови на посадата се судри со друг брод во реката Дунав и потона.

Портпаролот на Услугите за итни случаи Пал Гјорфи истакна дека 7'те лица кои биле спасени од несреќата повредени се наоѓаат на лекување во болница.

Во несреќата до која дојде синоќа од водите на Дунав беа извлечени мртвите тела на 7 лица, а продолжуваат активностите за трагање по уште 21 лице кои се наоѓале на бродот и се водат како исчезнати. 

Како што се вели во активностите за пребарување и спасување кои што се водат од страна на полицијата и пожарникари, во последните часови е вклучена и војската.

Во објавеното соопштение од Управата на полицијата пак, се истакнува дека започнале активностите за извлекување на потонатиот брод од реката Дунав.



Слични вести