Самоубиствен напад на воена школа во Кабул, Авганистан: Загинаа 6 лица

Портпаролот на Дирекцијата на полицијата во Кабул Фирдевс Фарамарз истакна дека самоубиствениот напаѓач бомбата која што ја носел на себе ја експлодирал на влезната врата на воената школа Маршал Фахим и притоа животот го загубиле 6 лица, а 6 биле ранети

1211301
Самоубиствен напад на воена школа во Кабул, Авганистан: Загинаа 6 лица

Во реализиран самоубиствен напад на воената школа Маршал Фахим во главниот град на Авганистан, Кабул, животот го загубија 6 лица.

Портпаролот на Дирекцијата на полицијата во Кабул Фирдевс Фарамарз истакна дека самоубиствениот напаѓач бомбата која што ја носел на себе ја експлодирал на влезната врата на воената школа Маршал Фахим.

Велејќи дека во нападот животот го загубиле 6 лица, Фарамарз истакна дека воедно 6 лица биле ранети.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Слични вести