Путин: „Вештачката интелигенција пружа извонредни можности од аспект на квалитетот и продуктивноста“

Голем број земји во светот ги определија своите стратегии во врска со вештачката интелигенција

1211409
Путин: „Вештачката интелигенција пружа извонредни можности од аспект на квалитетот и продуктивноста“

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека „вештачката интелигенција пружа огромни можности од аспект на квалитетот и продуктивноста“ потенцирајќи дека „во светот на монополот ќе преовлада вештачката интелигенција“.

По средбата со руските претставници во Москва, Путин во освртот на достигнувањата во сферата на вештачката интелигенција рече дека светот треба да посвети поголемо внимание и значење на развојот на вештачката интелигенција.

Затоа треба да го зголемиме буџетот одвоен на развојот на вештачката интелигенција. Исто така треба да се фрлат конкретни чекори за отворање на патот на приватниот сектор во врска со вештачката интелигенција.

Путин посочи на можноста на анализа на огромните податоци и информации во реално време и особено врз механизмите за донесување брзи одлуки.

Тоа пак овозможува огромни предности од аспект на квалитетот и продуктивноста. Во светот на монополот ќе преовлада вештачката интелигенција, рече Путин.

Во период кога вртоглаво расте развојот на технологијата за производство на нови производи и решенија, исто така владее и голема конкуренција од глобален аспект на лидерството во технологијата о особено во вештачката интелигенција. Вештачката интелигенција е еден од клучните правци на технолошкиот развој кој ќе ја определи иднината на светот, рече Путин.

Голем број земји во светот ги определија своите стратегии во врска со вештачката интелигенција, рече Путин потенцирајќи дека треба да се земе под безбедност технолошката независност во сферата на вештачката интелигенција. Тоа е еден од најзначајните фактори на економијата, трговијата, квалитетот на живеење на руските граѓани, безбедноста и одбраната на земјата. Затоа сме принудени да изнајдеме глобални решенија кои ќе овозможат максимален ефект во било која сфера на индустријата.



Слични вести