Асадовиот режим продолжува со нападите врз Идлиб: Животот го загубија 5 мина цивили

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во реализираните воздушни напади во населеното место Маратинуман во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ животот го загубија 5 цивили, а голем број се ранети

1211174
Асадовиот режим продолжува со нападите врз Идлиб: Животот го загубија 5 мина цивили

Во реализираните воздушни напади од страна на воени авиони на режимот на Бешар Асад врз населените места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во Сирија, животот го загубија 5 цивили, а голем број се ранети. 

Асадовиот режим од утрово реализираат копнени и воздушни напади врз населените места и селата во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во реализираните воздушни напади во населеното место Маратинуман животот го загубија 5 цивили, а голем број се ранети.

На тој начин, во реализираните напади од страна на Асадовиот режим и неговите поддржувачи во последните 3 дена животот го загубија повеќе од 40 цивили.

Додека продолжуваат активностите за пребарување и спасување на екипите за Цивилна одбрана под жестоко бомбардирање, се стравува од зголемување на бројот на загинатите и ранетите.



Слични вести