Во воздушните напади на режимските сили и Русија во Идлиб од суфур досега загинаа 13 цивили

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во реализираните воздушни напади од страна на Асадовиот режим и неговиот сојузник Русија во подрачјето на Идлиб, од суфур досега животот го загубија 13 цивили

1210373
Во воздушните напади на режимските сили и Русија во Идлиб од суфур досега загинаа 13 цивили

Во воздушните напади на режимот на Бешар Асад и неговиот сојузник Русија врз населените места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ почнувајќи од суфур досега животот го загубија 13 цивили, а голем број цивили се ранети.

Асадовиот режим и Русија синоќа по полноќ од суфур почнаа да реализираат воздушни напади врз селата и населените места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во реализираните воздушни напади од суфур досега животот го загубија 13 цивили, а голем број беа ранети.

Додека продолжуваат активностите за пребарување и спасување на екипите за Цивилна одбрана под жестоко бомбардирање, се стравува од зголемување на бројот на загинатите и ранетите.

Во објавеното соопштение од Опозициската опсерваторија за авиони преку социјалните медиуми во врска со воздушниот напад врз селото Ел Хабит се укажува на тоа дека нападите се реализираат од страна на воени авиони на Русија.

Во соопштението се вели следното: „Руски воени авиони полетаа од базата Химејмим во Латакија.“

Во вчерашните реализирани напади врз населените места и селата во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во Сирија животот го загубија 24 цивили, а десетици беа ранети.



Слични вести