Терористичката ЈПГ/ПКК ги пали земјоделските поседи на населението во Тел Рифат

Терористите припадници на ЈПГ/ПКК синоќа ги запалија земјоделските поседи на цивилите во населеното место Маре во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во североисточниот дел и на операцијата Маслиново гранче (Африн) во северозападниот дел на Тел Рифат

1210585
Терористичката ЈПГ/ПКК ги пали земјоделските поседи на населението во Тел Рифат

Сепаратистичко-терористичката органзиација ЈПГ/ПКК која го држи под окупација населеното место Тел Рифат во Сирија, во подрачјата на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче реализирани од страна на Турските вооружени сили (ТВС) запалиле земјоделски посети со површина од 50 хектари во сопственост на цивилното население.

Припадници на ЈПГ/ПКК синоќа ги запалија земјоделските поседи на цивилите во населеното место Маре кое што се наоѓа во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во североисточниот дел и во подрачјето на операцијата Маслиново гранче (Африн) во северозападниот дел на Тел Рифат.

Во пожарот беа претворени во пепел земјоделски поседи со површина од приближно 50 хектари и пожарот беше изгаснат со интензивни и долги напори на единиците на Слободната сириска армија (ССА).

Терористите припадници на ЈПГ/ПКК во Тел Рифат претходно и на 18 мај ги запалија земјоделските поседи во сопственост на цивилите во населеното место Ел Баб.

Населеното место Тел Рифат кое се наоѓа во југоисточниот дел на Африн и јужниот дел на Азез 3 години како се наоѓа под окупација на терористичката организација.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК ги принуди насилно на иселување приближно 250 илјади цивили кои живееја во ова населено место, а воедно оваа терористичка организација оттука реализира и напади врз позициите на единиците на Слободната сириска армија (ССА).

 

 



Слични вести