Падна Владата на австрискиот премиер Себастијан Курц

По изгласаната недоверба во Парламентот падна владата на премиерот Себастијан Курц, додека австрискиот претседател Александер Ван Дер Белен до утврдување на привремената влада го назначи за премиер министерот за финансии Хартвин Логер

1209254
Падна Владата на австрискиот премиер Себастијан Курц

Националниот Парламент на Австрија одржа специјална седница на која се гласаше за доверба на премиерот Себастијан Курц и неговата привремена влада.

Опозицијата која го сочинува мнозинството гласаше против владата со што премиерот Себастијан Курц не можеше да ја добие довербата на Парламентот и неговата влада падна.

Премиерот и претседател на Австриската народна партија (ОВП) Себастијан Курц покажа реакција против оние кои гласаа против него и неговата влада во врска со што рече: "Последната одлука ќе ја донесе народот."

Курц истакна дека скандалозните снимки на кои се гледа како поранешниот претседател на  екстремно десничарскиот коалиционен партнер Слободарската партија на Австрија (ФПО) и вицепремиер Хајнц-Кристијан Штрахе се договара со Русија, им наштетија и на коалицијата и на владата.

Во меѓувреме, австрискиот претседател Александер Ван дер Белен соопшти дека до утврдување на привремената влада функцијата премиер ќе ја извршува министерот за финансии Хартвинг Логер и дека министрите ќе продолжат да ги извршуваат своите функции до изборот на владата која ќе ја води земјата до изборите.

На тој начин, по Втората светска војна во земјата за прв пат е сменет од должност еден премиер со гласање на доверба во Парламентот. 

Инаку, минатата недела во печатот во Австрија беше објавена видео снимка во која се гледа како поранешниот претседател на екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) и вицепремиер Хајнц-Кристијан Штрахе во 2017 година на шпанскиот остров Ибиза остварува средба со еден руски инвеститор на кого му вели дека "доколку и се помогне на неговата партија на парламентарните избори кои наближуваат ќе обезбеди олеснувања за доделување на некои државни тендери на Русија".



Слични вести