Завршија изборите за Европскиот парламент (ЕП) кои траеја во текот на 4 дена

Според прелиминарните и неофицијални резултати, партиите од централната десница и социјалдемократите изгубија гласови, додека екстремно десничарските партии го зголемија бројот на гласовите

1208739
Завршија изборите за Европскиот парламент (ЕП) кои траеја во текот на 4 дена

Завршија изборите за Европскиот парламент (ЕП) кои траеја во текот на 4 дена

Вчера на последниот ден од изборите се гласаше во 21 земја членка на Европската унија (ЕУ).

Вчера за избор на новите 751 член на Европскиот парламент (ЕП) гласаа приближно 51 отсто од 400 милиони бирачи.

Според прелиминарните и неофицијални резултати, партиите од централната десница и социјалдемократите изгубија гласови, додека екстремно десничарските партии го зголемија бројот на гласовите.

Победник на изборите во Франција беа екстремнодесничарските партии.

Според неофицијални резултати, екстремно десничарската партија за национално единство со освоени 23 отсто гласови стана прва партија.

По овие добиени резултати, претседателот на Партијата за национално единство Марин Ле Пен упати повик до францускиот претседател Емануел Маркон за одржување предвремени избори.

Во Грција пак, партијата СИРИЗА на премиерот Алексис Ципрас здоби тешка рана.

Откако СИРИЗА заостана 9 поени зад главната опозициона Нова Деморкатија (НД), премиерот Алексис Ципрас соопшти дека ќе оди на предвремени избори.   

Според добиените прелиминарни резултати во Германија, како прва партија од одржаните избори излезе Партијата на Зелените која освои 22 отсто од гласовите на бирачите.

Партиите од христијанската унија и Социјалдемократите пак, изгубија голем број гласови.

Социјалдемократската партија го доживеа најголемиот пораз во својата историја и стана партија со најголем број изгубени гласови.

Екстремнодесничарската Партија Алтернатива за Германија (АфД) пак, бројот на своите гласови го зголеми за 3,4 отсто.

Друга земја во која на изборите за Европскиот парламент (ЕП) победија есктремнодесничарите, е Италија.

Изборите ги доби екстремнодесничарската Партија Лига, партнер во коалиционата влада.

Во Италија која во Европскиот парламент (ЕП) располага со 73 пратенички места за прв пат победи една екстремнодесничарска полтиичка партија.

Во Велика Британија пак, која се наоѓа во процес на напушатње на Европската унија (ЕУ) т.ј. Брегзит, победи новоформираната екстремнодесничарска Партија Брегзит.

Владејачката Конзервативна партија изгуби голем број гласови и го освои петтото место.

Во Белгија својот белег на изборите го удрија исто така екстремнодесничарските партии.

Како победник од изборите излезе сепаратистичката и десничарска Нова Фламанска Алијанса.

Во Унгарија Сојузот на партијата Фидез на премиерот Виктор Орбан која е позната по нејзиниот став против мигрантите и Демохристијанската народна партија која учествува во владата, опсвоија 52 отсто од гласовите и излегоа како први на изборите.

Во Холандија  пак, победи Работничката партија на чело со Франс Тимерманс.

Екстремнодесничарската Слободарска партија чиј претседател е Герт Вилдерс изгуби голем број гласови и ги изгуби и своите 4 пратенички места во Европскиот парламент (ЕП). 

Партијата Денк во која мнозинството го сочинуваат турци и доселеници не успеа да испрати пратеник во парламентот.

Победник на изборите за Европскиот парламент (ЕП) во Шпанија беа социјалистите.

Социјалистичката работничка партија освои приближно 33 отсто од гласовите и излезе како победник.

На изборите во Данска, партијата Венстре која се наоѓа во владата, освојувајќи 23,5 отсто од гласовите својот број на пратенички места од 2 го зголеми на 4 и постигна историски успех, додека главната опозициона Социјалдемократска партија со освоени 21,5 отсто гласови ги зачува своите 3 пратенички места во Европскиот парламент (ЕП).

Екстремнодесничарската Данска народна партија пак, која на одржаните избори пред 5 години постигна голема победа и изненадно освои 4 пратенички места, на овие избори беше тешко поразена.

Процентот на гласови на Данската народна партија опадна на 10,7 отсто и во Европскиот парламент (ЕП) ќе биде претставувана со само едно пратеничко место.



Слични вести