Во воздушни напади на Асадовите сили во подрачјето на градот Идлиб загинаа 9 цивили

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана, во реализираните воздушни напади од страна на воените авиони на режимот врз населеното место Маратинуман и селата Хазарин и Маритхирме во Идлиб загинаа 9 цивили, а најмалку 28 цивили се ранети

1209171
Во воздушни напади на Асадовите сили во подрачјето на градот Идлиб загинаа 9 цивили

Во реализирани воздушни напади од страна на воени авиони на режимот на Бешар Асад врз цивилни населени места во границите на "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб" во Сирија, животот го загубија 9 цивили, а најмалку 28 цивили се ранети.

Според добиени информации од локални извори, режимските сили составени од армијата на Асадовиот режим и терористички групи поддржани од Иран реализираа воздушни и копнени напади врз населените места Хан Шејхун и Ариха и селата Ел хабит, Маритхирме Абидин, Суфухен, Харазин, Нукејир и Шеј Мустафа во подрачјето на градот Идлиб и врз населените места Латамине и Кефер Зита во северното рурално подрачје на градот Хама во границите на "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб".

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во реализираните воздушни напади од страна на воените авиони на режимот врз населеното место Маратинуман и селата Хазарин и Маритхирме загинаа 9 цивили, а најмалку 28 цивили се ранети.

Активностите за пребарување и спасување на екипите за Цивилна одбрана продолжуваат и се стравува од зголемување на бројот на жртвите. 



Слични вести