Во вооружен напад на црква во Буркина Фасо загинаа 4 лица

Според вести објавени во локалниот печат, 8 вооружени лица во недела за време на одржување на миса извршиле напад на црква во едном село на приближно 20 километри од градот Титао во северната област на Буркина Фасо и животот го загубиле 4 лица

1208613
Во вооружен напад на црква во Буркина Фасо загинаа 4 лица

Во вооружен напад на една црква во северниот дел на западноафриканската држава Буркина Фасо животот го загубија 4 лица.

Според вести објавени во локалниот печат, 8 вооружени лица во недела за време на одржување на миса извршиле напад на црквата во селото Тулфе на оддалеченост од приближно 20 километри од градот Титао во северната област на земјата.

Напаѓачите отвориле оган врз насобраните за време на мисата, а потоа избегале од местото на настанот.

Во нападот загинале 4 лица.

Инаку, Буркина Фасо од 2015 година станува цел на терористички напади.

Нападите кои што најпрвин беа интензивирани во северниот дел на земјата и областа Сахел, потоа се проширија и во западните и централните делови.

Како резултат на тоа, во 7 од вкупно 13 области на Буркина Фасо почнувајќи од 1 јанаури 2019 година е прогласена вонредна состојба.



Слични вести