Во напад на Асадовиот режим на пазар во Идлиб загинаа најмалку 4 цивили

Во напад извршен на еден пазар во населеното место Маратинуман во границите на "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб" според првите добиени информации животот го загубија најмалку 4 цивили, а над 49 цивили се ранети

1208484
Во напад на Асадовиот режим на пазар во Идлиб загинаа најмалку 4 цивили

Во реализиран напад од страна на воени авиони на режимот на Бешар Асад во Сирија на еден пазар во границите на "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб", според првични информации животот го загубија најмалку четворица цивили, а повеќе од 40 цивили се ранети.

Според добиени информации од локални извори, режимските сили составени од армијата на Асадовиот режим и терористички групи поддржани од Иран реализираа воздушни и копнени напади врз населените места Хан Шејхун и Маратинуман во подрачјето на градот Идлиб и населените места Латамине и Кефер Зита во северното рурално подрачје на градот Хама во границите на "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб".

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во нападот извршен на еден пазар во населеното место Маратинуман според првите информации животот го загубија најмалку 4 цивили, а повеќе од 40 цивили се ранети.

Активностите за пребарување и спасување на екипите за Цивилна одбрана продолжуваат и се стравува од зголемување на бројот на жртвите. 



Слични вести