Терористичката ЈПГ/ПКК и Асадовиот режим постигнаа нов договор за нафта

Асадовиот режим кој се обидува да ја преброди кризата од гориво со која што се соочува постигна договор со сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК за купување нафта

1209202
Терористичката ЈПГ/ПКК и Асадовиот режим постигнаа нов договор за нафта

Режимот на Бешар Асад кој се соочува со криза од гориво постигна нов договор за гориво со сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која држи под окупација приближно 70 отсто од нафтените извори во Сирија.

Според добиени информации од локални извори, Асадовиот режим кој се обидува да ја преброди кризата од гориво со која што се соочува постигна договор со ЈПГ/ПКК за купување на сурова нафта. 

Согласно договорот, сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК ќе му продава на Асадовиот режим по 41 долар за барел сурова нафта која што ја вади од нафтеното лежиште Танак кое се наоѓа во источното рурално подрачје на градот Деир ез-Зор, во источниот дел на Сирија, во близина на границата со Ирак.

Режимските сили кои ги држат под контрола сите нафтени рафинерии во земјата планираат да ја преработат суровата нафта и на тој начин да се справат со кризата од гориво.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и Асадовиот режим во јуни минатата година постигнаа договор и по прашањето на размена на нафтата која се вади од Ел Омер, едното од најголемите нафтени лежишта во Деир ез-Зор под окупација на ова терористичка организација.

Освен тоа, сирискиот режим и сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК пред приближно две години одлучија да ги споделат и приходите од нафтата која што се вади од лежиштата во подрачјето на градот Хасеке, кое исто така го држи под окупација.

Оваа сепаратистичко-терористичка организација поддржана од САД, држи од окупација приближно 70 отсто од нафтените извори во Сирија.

Подрачјето на градот Деир ез-Зор во источниот дел на Сирија, во близина на границата со Ирак, располага со најголемите енергетски извори во оваа земја. Источниот дел на реката Еуфрат која го дели градот на два дела содржи 11 лежишта кои што ги сочинуваат најголемите нафтени лежишта на Сирија.

Овие нафтени лежишта, според пресметките сочинуваат приближно една третина од енергетските извори на Сирија.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК на 23 септември 2017 година ја зазеде најголемата постројка за гас во североисточниот рурално подрачје на градот Деир ез-Зор, а на 22 октомври 2017 година го окупира Ел Омер, најголемото нафтено лежиште на Сирија.



Слични вести