При превртување на траект во езеро во Демократска Република Конго се удавија најмалку 30 лица

Доцна ноќта во саботата во езерото Маи-Ндомбе во западниот дел на земјата се превртел траект на кој се наоѓале приближно 350 патници, од кои 183 лица биле спасени, а се удавиле најмалку 30 лциа

1208726
При превртување на траект во езеро во Демократска Република Конго се удавија најмалку 30 лица

При превртување на траект во езерото Маи-Ндомбе во западниот дел на Демократска Република Конго, според првични информации животот го загубија најмалу 30 лица.

Според вестите објавени во локалниот печат, доцна ноќта во саботата во езерото Маи-Ндомбе во западниот дел на земјата се преврте траект на кој се наоѓале приближно 350 патници.

Од потонатиот траект на 10 километри од местото за кое патувал биле спасени 183 лица, а биле извадени мртвите тела на 30 загинати.

Надлежни соопштуваат дека активностите за пребарување и спасување во езерото продолжуваат.



Слични вести