Пораз на владејачката Конзервативна партија во Велика Британија на изборите за ЕП

На одржаните избори за Европскиот парламент (ЕП) во Велика Британија, двете традиционални партии кои не можеа да постигнат соодветен договор за Брегзит, владејачката Конзервативна партија и главната опозициона Лабуристичка партија, изгубија крв

1208540
Пораз на владејачката Конзервативна партија во Велика Британија на изборите за ЕП

Владејачката Конзервативна партија во Велика Британија под дејство и на неможноста за остварување на Брегзит, т.ј. одделување на земјата од Европската унија (ЕУ), на одржаните избори за Европскиот парламент (ЕП) претрпе тежок пораз.

Според неофицијални резултати објавени од страна на британскиот информативен сервис „BBC“, безизлезот со Брегзит во Велика Британија своето влијание го покажа и на одржаните избори за Европскиот парламент (ЕП).

Двете традиционални партии на земјата кои не можеа да постигнат соодветен договор по прашањето на Брегзит, владејачката Конзервативна партија и главната опозициона Лабуристичка партија, изгубија крв.

Новоформираната партија Брегзит пак, која како своја главна политика ја определи одделувањето од Европската унија (ЕУ) излезе како прва партија од изборите.

Партијата Брегзит чиј лидер е екстремнодесничарскиот политичар Најџел Фараж на одржаните избори за Европскиот парламент (ЕП) освои 31,6 отсто гласови.

Либерал-демократите на страната на Европската унија (ЕУ) доловија голем скок и со освоени 20,3 отсто гласови станаа втора партија, Лабуристичката партија е трета со освоени 14,1 отсто гласови, а на четврто место со 12,1 отсто гласови се Зелените кои сакаат да се остане во Европската унија (ЕУ).

Владејачката Конзервативна партија пак, под дејство на политиката за Брегзит освои само 9,1 отсто од гласовите на британските бирачи и стана петта партија.

Бројот на изгубени гласови на Конзервативната партија која не можеше да го оствари Брегзит и се соочува со проблем со лидерство, во споредба со последните одржани избори за Европскиот парламент (ЕП) во 2014 година изнесува над 14 отсто.

Процентот на излезеност на изборите за Европскиот парламент (ЕП) во Велика Британија изнесува 36,7 отсто, додека екстремнодесничарскиот кандидат Томи Робинсон и покрај контраверзната изборна кампања што ја водеше не успеа да биде избран.

Гласовите од одржаните избори за Европскиот парламент (ЕП) во Северна Ирска пак, се очекува да почнат да се бројат денеска.

Во случај на остварување на Брегзит, т.ј. одделување на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), 73'те пратенички места на оваа земја ќе бидат распределени меѓу 14 земји членки на ЕУ меѓу кои се наоѓаат и Франција, Италија и Шпанија.



Слични вести