Партијата на Зелените излезе како прва партија од изборите за Европскиот парламент (ЕП) во Германија

На изборите за Европскиот парламент (ЕП) во Германија според процентот на освоени гласови на прво место е Партијата на Зелените, а втора е Демохристијанската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел

1208501
Партијата на Зелените излезе како прва партија од изборите за Европскиот парламент (ЕП) во Германија

На изборите за Европскиот парламент (ЕП) во Германија според нецелосни прелиминарни резултати на прво место е Партијата на Зелените со освоени 22 отсто од гласовите на германските бирачи. 

Според излезните анкети на првиот канал на германската телевизија "АРД", Партијата на Зелените својот процент на освоени гласови во споредба со последните одржани избори во 2014 година со раст од 11.1 отсто го зголеми на 22 отсто и се здоби со 22 пратенички места во Европскиот парламент (ЕП).

Партијата Демохристијанска унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел освои 21,9 отсто, а Христијанската социјалистичка унија (ЦСУ) освои 6 отсто гласови.

Според тоа, Партиите на Унијата  освоија вкупно 27,9 отсто гласови и нивниот број на пратенички места во Европскиот парламент (ЕП) изнесува 28.

Процентот на гласови на Демохристијанската унија (ЦДУ) во споредба со последните одржани избори во 2014 година опадна за 8 отсто.

Партија која на изборите за Европскиот парламент (ЕП) во Германија изгуби најголем број гласови беше Социјалдемократската партија (СПД) која освои 15,6 отсто од гласовите и во споредба со последните избори изгуби 11,7 отсто гласови. 

Со тоа СПД  го доживеа најголемиот пораз во својата историја. 

Слободната демократска партија (ФДП) својот број на гласови го зголеми за 2,1 отсто и освои 5,5 отсто.

Процентот на освоени гласови на опозициската Левичарска партија (Дие Линке), изнесува 5,5 отсто.

Екстремнодесничарската Партија Алтернатива за Германија (АфД) која бројот на своите гласови го зголеми за 3,4 отсто, со освоени 10,5 отсто гласови ќе продолжи да биде претставувана во Европскиот парламент (ЕП).

Со овој резултат АфД бројот на своите пратеници од сегашните 6 го зголеми на 10 пратеници.

Според првични резултати, процентот на излезеност на изборите за Европскиот парламент (ЕП) во Германија изнесува 59 отсто.

Излезноста на последните одржани избори за Европскиот парламент (ЕП) во оваа земја изнесуваше 48 отсто.



Слични вести