Азербејџан слави 101. година од своето формирање на 28 мај 1918 година

Во рамките на прославите азербејџанскиот претседател Илхам Алиев  учествуваше на церемонијата што се одржа пред споменикот на Републиката во главниот град Баку

1209041
Азербејџан слави 101. година од своето формирање на 28 мај 1918 година

Во Азербејџан се слави 101. годишнина од прогласувањето на Републиката, на 28 мај 1918 година.

Во рамките на прославите азербејџанскиот претседател Илхам Алиев  учествуваше на церемонијата што се одржа пред споменикот на Републиката во главниот град Баку.

По повод Празникот на Републиката му доставија честитки на претседателот Алиев лидерите или високите раководители на голем број земји меѓу кои на Соединетите Американски Држави (САД), Јапонија, Велика Британија, Кина, Сан Марино, Бугарија, Италија, Туркменистан, Египет, Казахстан, Алжир, Киргистан, Таџикистан, Куба, Белгија, Саудиска Арабија, Ирак, Индија, Авганистан, Австрија, Узбекистан, Шведска, Јужна Кореја и др.

Порака со честитка до Алиев испрати и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Азербејџанскиот Национален Совет под претседателство на Мехмет Емин Ресулзаде на 28 мај 1918 година во Тбилиси во Грузија ја прогласи независноста на Република Азербејџан.

Поради тоа што Баку беше под окупација на ерменските чети и болшевичките единици привремената азербејџанска влада формирана под претседателство на Фетхали Хан Хојски своите активности извесно време ги водеше во градот Генџе.

Прва која ја призна независноста на Азербејџан беше Османлиската држава. Во рамките на постигнатиот договор помеѓу двете земји против се позачестените ерменски и Болшевички закани на помош беше испратена Кавкаската исламска армија (Отоманската армија на исламот) под команда на Нури Паша (Киллигил). Ѓојчај, Агсу и Курдемир беа исчистени од Болшевичките единици и од ерменските чети, а на 15 септември беше ослободен Баку. Кавкаската исламска армија во борбите кои што ги водеше за ослободување на Баку даде 1.130 жртви-шехиди.

Во Азербејџан кој се прифаќа како прва демократска Република на Истокот за кусо време беа реализирани реформи во сферите на образованието, религијата и слободата на совеста, а беше печатена и сопствена парична единица (валута) на земјата.

Во Декларацијата за независност на Републиката им беа признати еднакви права на сите граѓани без да се прави никаква расна, религиска, секташка и полова разлика

 

 



Слични вести