Во воздушни напади во подрачјето на Идлиб во Сирија загинаа 6 мина цивили

Во реализираните воздушни напади од страна на Асадовиот режим и неговите поддржувачи врз населените места во подрачјето на "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб" загинаа 6 мина цивили

1208482
Во воздушни напади во подрачјето на Идлиб во Сирија загинаа 6 мина цивили

Во синоќешните реализирани воздушни напади од страна на воени авиони на режимот на Бешар Асад врз цивилни населени места во границите на "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб" во Сирија, животот го загубија 6 мина цивили.

Според добиени информации од локални извори, режимските сили составени од армијата на Асадовиот режим и терористички групи поддржани од Иран синоќа реализираа воздушни напади врз населените места Хан Шејхун и Кефренбил и селата Ерменаја, Фатере, Термела, Дер Сунбул, Хас и Ел Хабит во подрачјето на градот Идлиб и населените места Кефренбуде, Латамине и Кефер Зита во северното рурално подрачје на градот Хама во границите на "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб".

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во синоќешните реализирани воздушни напади врз населените места Кефренбил и Хан Шејхун и селата Ерменаја и Фатере во подрачјето на градот Идлиб и врз населените места Латамине и Кефер Зите во подрачјето на градот Хама, загинаа 6 мина цивили.

 



Слични вести