Во судир во една полициска станица во Венецуела загинаа најмалку 23 затвореници

Најмалку 23 лица го загубија животот во судир помеѓу затворениците и полицијата во една полициска станица во Венецуела

1208000
Во судир во една полициска станица во Венецуела загинаа најмалку 23 затвореници

Во судир помеѓу затвореници и полицијата настанат по обидот за бегство на затворениците од една полициска станица во Венецуела, загинаа најмалку 23 затвореници.

Според вестите објавени во медиумите во Венецуела, затворениците во една полициска станица во рурално подрачје во покраината Портукуеса со оружје со кое се стекнале ја нападнале полицијата и се обиделе да избегаат од затворот. 

Како што се вели притоа во судирот до кој дошло животот го загубиле најмалку 23 лица, а 19 полицајци биле повредени.

Во врска со случајот не е објавено било какво соопштение од официјалните органи,  меѓутоа во врска со бројот на загинатите и местото на настанатиот судир се изнесуваат различни тврдења.

Некои медиуми објавија вести околу тоа дека судирот се случил поради обид за иницирање немири во еден затвор и дека притоа во инцидентот загинале 29 лица.



Слични вести