Во Идлиб и Хама во Сирија во месец април се убиени најмалку 38 деца

Во подрачјата на градовите Идлиб и Хама во Сирија само во нападите во месец април животот го загубија најмалку 38 деца

1207796
Во Идлиб и Хама во Сирија во месец април се убиени најмалку 38 деца

Смртта на децата во Сирија каде што продолжува граѓанската војна ја сочинува најболната страна на војната.

Во подрачјата на градовите Идлиб и Хама во оваа земја само во нападите во месец април животот го загубија најмалку 38 деца.

Во објавеното писмено соопштение од  Меѓународната организација за заштита на децата „Save the Children“ (Спасете ги децата) се споделува информацијата дека во реализираните напади во месец април во подрачјата на Идлиб и Хама од вкупно загинатите 38 деца  9 деца загинале во нивните школи, 11 во домовите, 7 на пазар, 2 во кампови, 1 во болница и останатите деца го загубиле својот живот на улица.

Оваа меѓународна граѓанска организација истакнува дека поради нападите на подрачјата на градовите Идлиб и Хама илјадници лица пребегаа во градовите и бегалските кампови во близина на границата со Турција, дека во воздушните напади и бомбардирањата биле оштетени 18 здравствени центри во кои им се пружа здравствена услуга на повеќе од 200 илјади лица и дека животот го згубиле и 4 лица кои работеле во овие здравствени центри.

Турција, Русија и Иран на состанокот во Астана на 4 и 5 мај 2017 година, градот Идлиб и околината ги прогласија за „Зона за намалување на затегнатоста“. Откако режимските сили почнаа често да го прекршуваат прекинот на огнот, Турција и Русија постигнаа дополнителна спогодба. Меѓутоа и покрај потпишаната спогодба на 17 септември 2018 година во Сочи, сирискиот режим со поддршка и на своите поддржувачи, ги продолжува нападите. Продолжуваат со иста одлучност нападите кои што почнаа да се интензивираат за време на одржување на 12. состанок меѓу Турција, Русија и Иран на 25 и 26 април во главниот град на Казахстан, Нур-Султан.  

Извори за Цивилна Одбрана истакнуваат дека во реализираните напади од 25 април досега животот го загубија најмалку 200 цивили, а повеќе од 500 цивили се ранети.

Асадовиот режим и неговите потрошувачи, од потпишувањето на спогодбата за Идлиб помеѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година досега прекршувајќи го прекинот на огнот реализираат напади во кои беа принудени да ги напуштат своите домови повеќе од 553 илјади цивили.

Асадовиот режим со поддршка на терористичките групи поддржани од Иран и со воздушна поддршка на Русија, со реализираните напади од широк обем кои што ги започна пред приближно еден месец врз "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб", зазеде територија од околу 100 квадратни километри.

Воените опозиционери пак, за враќање на областите за кои што станува збор повремено реализираат операции против режимските сили. 

 



Слични вести