Британската премиерка Тереза Меј одржа емотивен говор: На 7 јуни ќе поднесам оставка

Тереза Меј соопшти дека на 7 јуни ќе поднесе оставка од функцијата лидер на Конзервативната партија со што и Велика Британија ќе добие нов премиер

1207673
Британската премиерка Тереза Меј одржа емотивен говор: На 7 јуни ќе поднесам оставка

Британската премеирка Тереза Меј која во владината резиденција „Даунинг стрит број 10“ се состана со раководството на Конзервативната партија по средбата изјави за печатот дека на 7 јуни ќе ја напушти функцијата лидер на партијата со што Велика Британија ќе добие и нов премиер.

Велејќи „Тоа што не можев да го ставам во примена Брегзит (одделувањето на Велика Британија од Европската унија) претставува длабоко жалење кај мене и како такво ќе остане“, Меј истакна дека ќе продолжи да ја извршува премиерската функција се додека биде избран новиот лидер на партијата. 

Тереза Меј која премиерската функција ја извршува приближно 3 години по овој нејзин емотивен говор во кој ја соопшти својата оставка не можеше да ги задржи и своите солзи.

Меј, поради новиот пакет на Договорот за Брегзит чии детали ги соопшти на почетокот на неделата, ја привлече реакцијата на својот кабинет и пратениците на својата партија.

Договорот за Брегзит постигнат меѓу Меј и Европската унија (ЕУ), претходно на три пати беше отфрлен во британскиот Парламент.

Владејачката Конзервативна партија чиј лидер е Тереза Мек се очекува да претрпи голем пораз на изборите за Европскиот парламент (ЕП) кои што се одржаа вчера.

Како што се наведува, партиското раководство со кое Меј се состана денеска, вршеле притисок врз неја да поднесе оставка.



Слични вести