Започнаа изборите за Европскиот парламент (ЕП): Денеска се гласа во Велика Британија и Холандија

Граѓаните на Велика Британија и Холандија денеска гласаат за изборите за Европскиот парламент (ЕП)

1206646
Започнаа изборите за Европскиот парламент (ЕП): Денеска се гласа во Велика Британија и Холандија

Денеска во Велика Британија и Холандија започна гласањето на изборите за Европскиот парламент (ЕП).

Граѓаните на Велика Британија на изборите за Европскиот парламент (ЕП) на кои од 12 изборни единици ќе бидат избрани 73 пратеници, почнаа да гласаат од 07:00 часот по локално време и гласачките места ќе бидат отворени до 22:00 часот по локално време.

Поради одлуката на Велика Британија на одржаниот референдум во 2016 година за Брегзит, т.ј. напуштање на Европската унија (ЕУ), се очекуваше оваа земја да не учествува на изборите, меѓутоа со одложување односно поместување на датумот за Брегзит од 29 март, на 31 октомври состојбата се промени.

На анкетите како фаворит се прикажува Партијата Брегзит која беше формирана пред кусо време.

Исто така се очекува екстремно десничарската партија под водство на Најџел Фараж да ги остави зад себе и владејачката Конзервативна партија и главната опозициона Лабуристичка партија.

Се претпоставува дека конзервативците под водство на премиерката Тереза Меј би можел да опаднат дури до петтото место од аспект на бројот на освоени гласови.

Во Велика Британија каде штона последните одржани избори за Европскиот парламент (ЕП) процентот на излезеност остана на 35,6 отсто, поради поларизацијата за Брегзит се очекува овојпат одзивот да изнесува повисоко.

Доколку Велика Британија се оддели од Европската унија (ЕУ) 73'јцата пратенички места на оваа земја ќе бидат распределени меѓу 14 земји членки на Унијата меѓу кои и Франција, Италија и Шпанија.

Денеска се одржуваат избори за Европскиот парламент и во Холандија каде што гласањето започна во 07:30 часот утрово, а гласачките места ќе бидат затворени вечер во 21:00 часот по локално време.

На изборите за 26 пратенички места од оваа земја се натпреваруваат вкупно 308 кандидати од 16 политички партии.

Меѓу кандидатите се наоѓаат и 6 мина кандидати од турско потекло.

 

 

Sandıklar kapandıktan sonra sadece sandık çıkış anket sonuçları açıklanacak. Sayım sonucu pazar akşamı bütün ülkelerle birlikte duyurulacak. Resmi sonuçlar ise 31 Mayıs’ta ilan edilecek. 12 milyon 997 bin 600 seçmenin bulunduğu ülkede, son AP seçimine katılım yüzde 37 düzeyinde kalmıştı.

 

aa/remzi



Слични вести