Во воздушни напади на Асадовиот режим врз населените места во Идлиб загинаа 6 цивили

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во синоќешните реализирани воздушни напади врз населените места Џисир Еш Шугур и Серакиб и селата Сфухен, Ес Сахин и ел-Хавиџе во подрачјето на Идлиб загинаа 6 мина цивили

1207147
Во воздушни напади на Асадовиот режим врз населените места во Идлиб загинаа 6 цивили

Во синоќешните реализирани воздушни напади од страна на воени авиони на режимот на Бешар Асад врз цивилни населени места во границите на "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб" во Сирија, животот го загубија 6 мина цивили.

Според добиени информации од локални извори, режимските сили составени од армијата на Асадовиот режим и терористички групи поддржани од Иран синоќа реализираа воздушни напади и топовски истрели врз населените места Хан Шејхун, Џисир Еш Шугур и Серакиб и селата Иштебрак, Кеферумс, Маритхирма, Сфухен, Ес Сахин, Ел Касабије, Абидин, Хиш, Кироса, Кефер Сиџне и Нукејир кај градот Идлиб и селото Ел Хавиџе ви северозападниот дел на градот Хама.

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во синоќешните реализирани воздушни напади врз населените места Џисир Еш Шугур и Серакиб и селата Сфухен, Ес Сахин и ел-Хавиџе загинаа 6 мина цивили.

Извори за Цивилна Одбрана истакнуваат дека во реализираните напади од 25 април досега животот го загубија најмалку 195 цивили, а повеќе од 485 цивили се ранети.

Асадовиот режим и неговите потрошувачи, од потпишувањето на спогодбата за Идлиб помеѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година досега прекршувајќи го прекинот на огнот реализираат напади во кои беа принудени да ги напуштат своите домови повеќе од 553 илјади цивили. 

Асадовиот режим со поддршка на терористичките групи поддржани од Иран и со воздушна поддршка на Русија, со реализираните напади од широк обем кои што ги започна пред приближно 3 недели врз "Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб", зазеде територија од околу 100 квадратни километри.

Воените опозиционери пак, за враќање на областите за кои што станува збор повремено реализира операции против режимските сили. 



Слични вести