Во вооружен судир на банди во Мексико загинаа најмалку 9 лица

Во објавеното соопштение од мексиканското јавно обвинителство се истакнува дека во вооружен судир помеѓу две банди во градот Уруапан во сојузната држава Мичоакан, загинале најмалку 9 лица, а четворица биле ранети

Во вооружен судир на банди во Мексико загинаа најмалку 9 лица

Во вооружен судир меѓу банди во западниот дел на Мексико загинаа најмалу 9 лица, а четворица се ранети.

Во објавеното соопштение од мексиканското јавно обвинителство се истакнува дека во вооружен судир помеѓу две банди во градот Уруапан во сојузната држава Мичоакан, загинале најмалку 9 лица, а четворица биле ранети.

Се претпоставува дека причина за вооружениот судир е борбата за регионална надвласт помеѓу нарко бандите.

Инаку, беше истакнато дека во Мексико во првите 6 месеци од минатата година се извршени 15.973 убиства и дека овој процент претставува раст од приближно 16 отсто во споредба со истиот период од 6 месеци претходната година.

Во извршените убиства во првиот квартал од оваа година пак, се вели дека во споредба со истиот период минатата година, е евидентиран раст од 9,7 отсто.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор кој стапи на должност на 1 декември 2018 година  во говорот што го одржа во главниот град Мексико Сити пред генералите истакна дека за да се доведе земјата во побезбедна состојба постои неминовност од реорганизација на армијата.



Слични вести