На парламентарните избори во Индија победи партијата на премиерот Нарендра Моди

Индиската народна партија (БЈП) на актуелниот премиер Нарендра Моди освои 299 пратенички места во Долниот дом на Парламентот Лок Сабха составен од вкупно 542 пратенички места и на изглед го освои неопходното мнозинство за формирање на самостојна влада

1206868
На парламентарните избори во Индија победи партијата на премиерот Нарендра Моди

Индиската народна партија (БЈП) на актуелниот премиер Нарендра Моди победи на парламентарните избори во Индија кои се одржаа во 7 фази.

Според првите добиени податоци од Изборната комисија на Индија, БЈП освои 299 пратенички места во Долниот дом на Парламентот Лок Сабха (Народното собрание) составен од вкупно 542 пратенички места и на изглед го освои неопходното мнозинство за формирање на самостојна влада.

Индискиот премиер Нарендра Моди на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во врска со резултатите од изборите сподели објава во која истакна дека земјата заедно зајакна и го достигна просперитетот, и го употреби изразот „Повторно доби Индија.“

Конечните резултати од парламентарните избори во се очекува да бидат објавени најрано вечерва.

Парламентарните избори во Индија кои воедно се и најдолгите избори во светот се одржаа во 7 фази и на овие избори гласаа приближно 900 милиони регистрирани бирачи.



Слични вести