Во главниот град на Белгија, Брисел, започна состанокот на началниците на НАТО

Началниците на генералштабовите на 29 земји членки на НАТО се состанаа во белгискиот главен град Брисел, а со цел да разгледат значајни прашања на дневниот ред на Алијансата

1206233
Во главниот град на Белгија, Брисел, започна состанокот на началниците на НАТО

Во главниот град на Белгија, Брисел, започна состанокот на началниците на НАТО.

Началниците на генералштабовите на 29 земји членки на НАТО се состанаа во белгискиот главен град Брисел, а со цел да разгледат значајни прашања на дневниот ред на Алијансата.

На состанокот во седиштето на НАТО, ќе се разговара за стратешките предизвици, воената стратегија на Алијансата, одвраќањето и одбраната, безбедносната состојба во Украина и за случувањата во однос на врските со партнерите во рамките на Медитеранскиот дијалог.

На состанокот Турција ја претставува началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, а се одржува под претседателство на претседателот на Воениот комитет генерал на армија Стјуарт Пич.

Инаку, состаноците на ниво на началници на генералштабови на армиите на земјите членки на Алијансата годишно се одржуваат два пати во седиштето на НАТО во Брисел, и еднаш во една од сојузничките земји членки.

На овие состаноци се разговара за глобалните безбедносни предизвици, операциите и мисиите на НАТО, како и за други различни прашања.



Слични вести