Повик од Иран до ОН за започнување регионален дипломатски дијалог
Иран никогаш нема да ја избере опцијата да војува

По порастот на тензиите со САД, Иран од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара да започне регионален дипломатски дијалог за намалување на напнатоста во Заливот која се искачи на алармантно ниво.
Во писмото што беше испратено од постојаното претставништво на Иран во ОН до Гутереш и СБ на ОН се истакнува дека Техеран упати повик до ОН да не останат индиферентни во однос на случувањата во регионот.
Постојаниот ирански претставник во ОН Такхт Таванџи обвинувајќи одредени средини надвор од регионот за провокативни политики за дестабилизација на Блискиот Исток рече Иран никогаш нема да ја избере опцијата да војува, но исто така не треба да се заборави дека во случај да биде принудена, тогаш докрај ќе се брани.
Во случај на евентуална криза, прашањето ќе го надмине регионот и ќе предизвика закана за меѓународниот мир и безбедноста, предупреди Раванџи поради што од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара да започне регионален дипломатски дијалог за намалување на напнатоста во Заливот која се искачи на алармантно ниво.
Слични вести

Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан
Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан