Одговор од Зариф до Трамп: Економскиот терор и сарказмот за геноцид не можат да го уништат Иран

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф на зборовите на Трамп „Ако Иран сака војна тоа ќе биде официјално неговиот крај“ одговори со зборовите „Економскиот терор и сарказмот за геноцид не можат да го уништат Иран“

1205042
Одговор од Зариф до Трамп: Економскиот терор и сарказмот за геноцид не можат да го уништат Иран

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф одговори на објавата која што американскиот претседател Доналд Трамп ја сподели преку социјалната мрежа Твитер, а во која напиша дека „Ако Иран сака војна тоа ќе биде официјално неговиот крај“. 

Зариф на својата сметка на социјалната мрежа Твитер му одговори на Трамп со зборовите „Економскиот терор и сарказмот за геноцид не можат да го уништат Иран“.

Тој во својата објава напиша: „ Трамп со провокациите на неговата 'Б екипа' се надева да го постигне она кое што не можеа да го постигнат Александар Велики (Македонскиот крал во периодот 336-323 година п.н.е.), Џингиз Хан (Монголскиот император 1162-1227 година) и другите. Додека сите окупатори си заминаа, Иран илјада години стои на нозе. Економскиот терор и сарказмот за геноцид не можат да го уништат Иран.“

Џевад Зариф на крајот на својата порака со хаштагот „Никогаш не му се заканувај на еден Иранец“, ги употреби следните зборови: „Пробај да покажуваш почит, ќе вреди“.

Инаку, иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф, поимот „Екипа Б“ на Трамп го користи за советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, принцот престолонаследник на Саудиска Арабија Мухамед бин Салман и принцот престолонаследник на Абу Даби Мухамед бин Зајид

За потсетување, прексиноќа во близина на амбасадата на САД во Зелената зона во главниот град на Ирак, Багдад, беше реализиран напад со ракета Катјуша, по што американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната медија ја сподели објавата „Ако Иран сака војна, тоа ќе биде официјалниот крај на Иран. Уште еднаш никогаш не им се заканувајте на САД“. 



Слични вести