ЕУ и ОН изразија загриженост од растечката тензија помеѓу САД и Иран

Европската унија (ЕУ) и Обединетите нации (ОН) изразија загриженост од порастот на тензијата помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран

1204859
ЕУ и ОН изразија загриженост од растечката тензија помеѓу САД и Иран
Maja Kocijancic.jpg
stephane dujarric.jpg

Вербалниот дуел и поврзано со тоа растечката тензија помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, будат загриженост. 

Портпаролката на Европската комисија (ЕК) Маја Коцијанчич одговараше на едно поставено прашање во врска со објавата што ја сподели американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер „Ако Иран сака војна тоа ќе биде официјално неговиот крај“. 

Велејќи дека нема да коментира во однос на тој твит, Коцијанчич рече: „Меѓутоа ако погледнеме од поширок аспект, регионот нема потреба од поголема дестабилизација. Тоа е она кое што го велиме постојано. Треба да се избегнува од секој вид провокација и треба да се покажува секој обид за намалување на затегнатоста.“

Во меѓувреме и портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич, на редовното дневно информирање за печатот привлече внимание дека порастот на тензијата помеѓу САД и Иран буди загриженост. 

Дујарич рече: „Упатуваме повик до сите страни да ги намалат реториките кои што ја зголемуваат затегнатоста. Регионот е кршлив и сите случувања, било активностите на теренот, било реториките можат да бидат погрешно протолкувани и можат уште повеќе да го дестабилизираат регионот кој што е се уште кршлив.“



Слични вести