Демант од Хамас во врска со вестите за постигнат 6 месечен прекин на огнот со Израел

Портпаролот на Хамас Февзи Берхум во писменото соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Не се точни вестите кои што заземаат место во израелскиот печат, околу тоа дека е постигнат 6 месечен прекин на огнот со Хамас

1205252
Демант од Хамас во врска со вестите за постигнат 6 месечен прекин на огнот со Израел

Хамас кој ја држи во свои раце управата во Појасот Газа, кој се наоѓа под блокада, демантираше дека е постигнат 6 месечен прекин на огнот со Израел.

Портпаролот на Хамас Февзи Берхум во писменото соопштение кое што го сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Не се точни вестите кои што заземаат место во израелскиот печат, околу тоа дека е постигнат 6 месечен прекин на огнот со Хамас.“

Берхум нагласи дека прекинот на огнот може да се постигне само доколку Израел ги применува сите договори.

Инаку, израелската телевизија „Канал 12“ соопшти дека под посредништво на Обединетите нации (ОН) и Египет е постигнат 6 месечен прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел.

Инаку, во реализираните напади од страна на Израел на Појасот Газа на 4 и 5 мај беа убиени 25 Палестинци меѓу кои се наоѓаа и 3 жени од кои две бремени и две бебиња, а 15 Палестинци беа ранети.



Слични вести