Во вооружен напад во Нигерија животот го загубија 17 лица

Според вестите објавени во националниот печат, на областите Гидан Касо и Дан Дамбо во провинцијата Замфара бил извршен напад од страна на вооружени лица со моторцикли при што животот го загубуле 17 лица

1204713
Во вооружен напад во Нигерија животот го загубија 17 лица

Во реализиран вооружен напад во северозападниот дел на Нигерија животот го загубија 17 лица.

Според вестите објавени во националниот печат, на областите Гидан Касо и Дан Дамбо во провинцијата Замфара бил извршен напад од страна на вооружени лица со моторцикли.

Вооружените лица, во областа Гидан Касо убиле 7 лица, а освен тоа не дозволиле да се земат мртвите тела на убиените.

Во реализиран напад и на областа Дан Дамбо биле убиени 10 лица, а освен тоа настрадале и голем број животни, групен добиток.

Инаку, поради нападите коли што се реализираат во последно време од страна на вооружени лица со моторцикли, во некои провинции во Нигерија беше донесена забрана за возење на моторцикл.

Каско последно, во сличен ваков вооружен напад во четвртокот беа убиени 20 лица.



Слични вести