Во напади врз населени места во Идлиб, во Сирија загинаа 12 цивили од кои 4 деца

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во реализираните напади врз населеното место Кефренбил кај Идлиб и селото Ел Кастун кај Хама загинаа 12 цивили, од кои 4 деца

1204513
Во напади врз населени места во Идлиб, во Сирија загинаа 12 цивили од кои 4 деца

Во реализирани воздушни и копнени напади доцна синоќа од страна на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи врз цивилните населени места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во Сирија, загинаа 12 цивили, од кои 4 деца.

Според добиени информации од локални извори, режимските сили составени од армијата на Асадовиот режим и терористичките групи подржани од Иран реализираа воздушни и копнени напади врз населените места Кенсафра и Кефренбил кај градот Идлиб и врз селото Ел Кастун во западното рурално подрачје на ргадот Хама.

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки) пак, во реализираните напади врз населеното место Кефренбил и селото Ел Кастун загинаа 12 цивили, од кои 4 деца.

Авионската опсерваторија на опозиционерите укажа на тоа дека нападите врз населеното место Кефренбил биле реализирани од страна на воени авиони на Русија и ја сподели информацијата дека два руски воени авиони полетале од Химејмим.



Слични вести