На претстојниот Самит на ОИС се очекува да се усвои заеднички став

На самитот што ќе се одржи под наслов „Самитот Мека: Заедно за подобра иднина“  ќе учествуваат лидерите на земјите членки на ОИС

1204155
На претстојниот Самит на ОИС се очекува да се усвои заеднички став

На 14-от самитот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) кој се планира да се одржи кон крајот на месецов се очекува да се усвои заеднички став во врска со прашањата и проблемите со кои се соочува Исламскиот свет.

Во соопштението што беше објавено од страна на ОИС беше истакнато дека на 31 мај под претседателство на Селман бин Абдулазиз, кралот на Саудиска Арабија ќе се одржи Самит на ОИС.

На самитот што ќе се одржи под наслов „Самитот Мека: Заедно за подобра иднина“  ќе учествуваат лидерите на земјите членки на ОИС и се очекува да се усвои заеднички став во врска со Палестинското прашање и случувањата во последен период во некои исламски земји.

На крајот на Самитот се очекува да се објави заедничка декларација во која ќе бидат изнесени проблемите со кои се соочува исламскиот свет како и Декларацијата од Мека.

Претходниот ден саудискиот крал Селман до земјите членки на Советот за соработка во персискиот залив и Арапските земји упати повик за одржување два посебни самити на 31 мај во Мека.

На повикот поволно одговорија Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Џибути и Јемен.



Слични вести