Во напад на Асадовиот режим врз населените места во подрачјето на Идлиб загинаа 6 цивили

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана се вели дека во реализиран воздушен напад во подрачјето на градот Идлиб загинаа вкупно 6 мина цивили од кои 4 во населеното место Маратинуман и 2 во месноста Кеферума, а 15 мина цивили се ранети

1203745
Во напад на Асадовиот режим врз населените места во подрачјето на Идлиб загинаа 6 цивили

Во реализиран воздушен напад од страна на воени авиони на режимот на Бешар Асад врз населеното место Маратинуман во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во Сирија за време на ифтар, загинаа 6 цивили, а 15 мина се ранети.

Според добиени информации од локални извори, воени авиони на Асадовиот режим извршија воздушен напад врз населеното место Маратинуман и месноста Кеферума и селото Кеферзинџе во југоисточниот дел на градот Идлиб и врз масноста Бидама и селото Наџије во југозападниот дел на градот.

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки) пак, се вели дека во воздушниот напад загинаа вкупно 6 мина цивили од кои 4 во населеното место Маратинуман и 2 во месноста Кеферума, а 15 мина цивили се ранети. 

Од 25 април досега загинаа најмалку 151 цивил, а повеќе од 405 цивили се ранети.

Турција, Русија и Иран на состанокот во Астана на 4 и 5 мај 2017 година, градот Идлиб и околината ги прогласија за „Зона за намалување на затегнатоста“.

По нападите на режимските сили со кои што беше прекршуван започнатиот прекин на огнот во овие рамки, Турција и Русија за подрачјето за кое што станува збор постигнаа дополнителна спогодба.

Меѓутоа и покрај потпишаната спогодба на 17 септември 2018 година во Сочи, сирискиот режим со поддршка и на своите поддржувачи ги продолжува нападите.

 



Слични вести