Во нападите на Асадовиот режим врз населените места во подрачјето на Идлиб загинаа тројца цивили

Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран ги продолжуваат воздушните и копнените напади врз цивилните населени места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“

1202717
Во нападите на Асадовиот режим врз населените места во подрачјето на Идлиб загинаа тројца цивили

Во воздушните и копнените напади на режимот на Бешар Асад неговите поддржувачи врз населените места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ загинаа тројца цивили.

Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран ги продолжуваат воздушните и копнените напади врз цивилните населени места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во реализираниот воздушен напад од страна на режимските сили на месноста Хиш во подрачјето на градот Идлиб загибаа двајца цивили, а во реализираниот топовски напад на населеното место Маратинуман загина еден цивил.

Од 25 април досега загинаа најмалку 145 цивили, а повеќе од 385 цивили се ранети.

Турција, Русија и Иран на состанокот во Астана на 4 и 5 мај 2017 година, градот Идлиб и околината ги прогласија за „Зона за намалување на затегнатоста“.

По нападите на режимските сили со кои што беше прекршуван започнатиот прекин на огнот во овие рамки, Турција и Русија за подрачјето за кое што станува збор постигнаа дополнителна спогодба.

Меѓутоа и покрај потпишаната спогодба на 17 септември 2018 година во Сочи, сирискиот режим со поддршка и на своите поддржувачи ги продолжува нападите.



Слични вести