Во два одделни напади на ДЕАШ врз безбедносните сили во Киркук во Ирак загинаа 6 полицајци

Командантот за операции во Киркук генерал-полковник Саадт Харбије истакна дека во два одделно реализирани напади од страна на терористичката организација ДЕАШ врз безбедносните сили загинаа 6 мина полицајци

1202456
Во два одделни напади на ДЕАШ врз безбедносните сили во Киркук во Ирак загинаа 6 полицајци

Во два одделно реализирани напади од страна на терористичката организација ДЕАШ врз Федералните полициски сили во ирачкиот град Киркук загинаа 6 полицајци.

Командантот за операции во Киркук генерал-полковник Саадт Харбије истакна дека во два одделно реализирани напади од страна на терористичката организација ДЕАШ врз безбедносните сили загинаа 6 мина полицајци.

Велејќи дека во првиот напад била поставена заседа на полициска патрола во близина на селото Алевије кај градчето Ријад на југот на Киркук, Харбије рече дека во нападот во кој било употребено автоматско оружје загинале четворица полицајци.

Саад Харбије истакна дека во вториот напад во близина на селото Телсусе кај градот Решад кај Киркук терористи поставиле заседа на местото на поминување на полициската патрола и притоа во отворен оган загинале двајца полицајци.

Харбије рече дека во областа каде што се извршени реализирани нападите е започната операција од широки рамки.

Инаку, терористичката организација ДЕАШ во јуни 2014 година освоија една третина од териториите на Ирак, на чело и со градот Мосул.

Ирачките безбедносни сили во декември 2017 година во голема мера ги вратија овие територии.

И покрај тоа што е сведена на минимум заканата од напад на терористичката организација ДЕАШ во центрите на градовите и во другите населени места, оваа терористичка организација повремено продолжува да реализира напади во руралните подрачја.



Слични вести