Путин најави можна средба со Трамп на Самитот на Г-20 во Осака, Јапонија

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека е спремен на средба со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп на Самитот на Г-20 што ќе се одржи на 28 и 29 јуни во јапонскиот град Осака

1202123
Путин најави можна средба со Трамп на Самитот на Г-20 во Осака, Јапонија

Рускиот претседател Владимир Путин од Сочи одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на тоа дека би можеле да се состанат во Осака.

Путин истакна дека е спремен на средба со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп на Самитот на Г-20 што ќе се одржи во јапонскиот град Осака.

Велејќи дека можност за средба во најскоро време ќе се појави за време на Самитот на Г-20 во Осака, рускиот лидер рече: „Доколку американската страна е спремна да ги продолжи овие видови специјални контакти, како што реков низа пати претходно, спремни сме за оствареување на овие преговори секаде, вклучувајќи ја и Виена.“

Инаку, Самитот на земјите од групата Г-20, индустриски најразвиени земји и држави со забрзан економски развој, на кој за прв пат ќе биде домаќин Јапонија, ќе се одржи на 28 и 29 јуни во Осака.

Американскиот претседател Доналд Трамп во изјавата што ја даде на почетокот на неделата истакна дека за време на Самитот на Г-20 во Осака, Јапонија, има намера да се состане со рускиот претседател Владимир Путин и со својот кинески колега Ши Џинпинг.

 

 



Слични вести