Повик од Организацијата за исламска соработка (ОИС) до светот по повод 71. годишнина од Накба

Организацијата за исламска соработка (ОИС) по повод на 71. годишнина од Накба (Големата катастрофа) упати повик до меѓународната заедница да се поправи историската неправда кон Палестина

1202266
Повик од Организацијата за исламска соработка (ОИС) до светот по повод 71. годишнина од Накба

Организацијата за исламска соработка (ОИС) на 71. годишнина од Накба (Големата катастрофа) упати повик до меѓународната заедница да се поправи историската неправда кон Палестина.

Во објавеното писмено соопштение од Организацијата за исламска соработка (ОИС) по повод 71. годишнина од Накба се вели следното: „Поради тоа што меѓународната заедница е неспособна за спроведување на легитимните меѓународни одлуки оваа жалосна состојба повеќе од 70 години како продолжува.“

Во соопштението се истакнува дека меѓународната заедница треба да ја преземе одговорноста која што и се паѓа за поправање на историската неправда кон Палестина и стои следното: „Додека постепено растат тешкотиите кои што ги доживува палестинскиот народ поради Накба, овој болен настан се уште стои свежо во нашите умови, како поединечно, така и како општество. Окупаторската сила Израел продолжува да врши грабежи на палестинските територии, да ги пали куќите на Палестинците, да врши масакр и да ги гази светиите.“

Се наведува дека освен тоа продолжува политиката на Израел за јудеизација на Ерусалим (Кудс) и за откинување на Палестинците од нивните територии и се подвлекува дека и покрај изминатите долги години исполнети со болка, палестинскиот народ со верба кон својата кауза, своето право за враќање на своите територии и со приврзаноста кон своето право на достоинствен и слободен живот, продолжува да води борба и да презентира пример на цврст став.  

Во соопштението се нагласува дека Организацијата за исламска соработка (ОИС) му дава постојана и целосна поддршка на палестинскиот народ во неговата праведна борба и враќање на своите национални права, а воедно се упатува повик до земјите ширум светот да го поддржат овој народ. 

Болка која што не стивнува уште од 1948 година: Накба

Поради тоа што Израел на 14 мај 1948 година ја прогласи својата независност на окупираните палестински територии и ги принуди Палестинците на насилно иселување, Палестинците 15 мај го слават како „Накба“ односно Голема катастрофа.

Израелските сили за време на Накба ги истера насилно од нивните сопствени територии приближно половина милион Палестинци, беа уништени 675 села и населени места на Палестинците, а илјадници Палестинци беа убиени.

Поради Накба моментално 80 отсто од Палестинците живеат како бегалци во различни делови низ светот.



Слични вести