Новиот украински претседател Владимир Зеленски ќе положи заклетва на 20 мај

Според веста на новинската агенција „Укринформ“, со гласовите на 315 пратеници од вкупно присутни 331 пратеник во Парламентот на Украина, 20 мај беше определен за датум за официјално стапување на должност на Зеленски

1202467
Новиот украински претседател Владимир Зеленски ќе положи заклетва на 20 мај

Победникот на претседателските избори во Украина Владимир Зеленски на 20 мај ќе положи заклетва и официјално ќе почне да ја извршува должноста претседател на државата.

Според веста на новинската агенција „Укринформ“, со гласовите на 315 пратеници од вкупно присутни 331 пратеник во Парламентот на Украина, 20 мај беше определен за датум за официјално стапување на должност на Зеленски.

Комичарот-актер Владимир Зеленски на одржаниот втор круг од претседателските избори на 21 април освои 73,22 отсто од гласовите на бирачите, а неговиот противник актуелниот претседател Петро Порошенко остана на 24,45 отсто гласови.

Со тоа Зеленски стана нов претседател на Украина.



Слични вести