Тереза Меј и Јенс Столтенберг разговараа за безбедносни прашања

Британската премиерка Тереза Меј и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг меѓу другото разговараа за низа безбедносни прашања меѓу кои се наоѓаат и агресивноста на Русија и сајбер заканите кои што произлегуваат од Кина

1201568
Тереза Меј и Јенс Столтенберг разговараа за безбедносни прашања

Според објавеното соопштение од канцеларијата на британската влада, премиерката Тереза Меј и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се состанаа во главниот град Лондон.

Меј и Столтенберг меѓу другото разговараа за низа безбедносни прашања меѓу кои се наоѓаат и агресивноста на Русија и сајбер заканите кои што произлегуваат од Кина.

Меј и Столтенберг првенствено разговараа за Самитот на НАТО што ќе се одржи во декември во Лондон и притоа го нагласија значењето да се биде подготвен за заканите на 21'от век и Алијансата да инвестира во заедничката безбедност, а со цел одбрана на правата на земјите членки.

Двајцата лидери го дочекаа со задоволство напредокот што го покажуваат сојузниците во последните години во исполнувањето на своите ветувања за зголемување на одбранбените трошоци и постигнаа согласност по прашањето на значењето од продолжување на овој тренд и поттикнување на членки на сојузот за зголемување на своите придонеси.

Во соопштението од канцеларијата на британската влада се вели и следното: „(Меј и Столтенберг) Разговараа за низа безбедносни тешкотии со кои што се соочува Сојузот, вклучувајќи ги и агресивноста на Русија и сајбер заканите кои што произлегуваат од Кина. Премиерката го дочека со задоволство интензивирањето на НАТО кон овие сфери и предложи Велика Британија својата специјализација во врска со тоа да ја сподели со НАТО.“ 

Како додаток на тоа, британската премиерка Тереза Меј и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го нагласија и значењето на НАТО во борбата против тероризмот и тоа особено во Ирак и Авганистан.



Слични вести