Силите на Асад извршија напад на Идлиб
Турција, Русија и Иран на состанокот во Казахстан одржан на почетокот на мај во 2017 година Идлиб и околината ги прогласија за зона на деескалација на судири

Во воздушен напад на силите на Башар ал-Асад на пазар во Идлиб пред самиот ифтар загинаа 5 цивили, додека 20 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, Асадовите сили со авиони изведоа напад на местото Јаср ал-Шугхур кое се наоѓа во зоната на деескалација на судири во Идлиб.
Од Цивилната заштита (Бели шлемови) рекоа дека нападот е изведен на пазар непосредно пред ифтар.
Асадовите сили изведоа воздушни напади и на селата Ел Кебине и Термеле.
Турција, Русија и Иран на состанокот во Казахстан одржан на почетокот на мај во 2017 година Идлиб и околината ги прогласија за зона на деескалација на судири. Турција и Русија по нападите на режимските сили со кои е кршено примирјето, постигнаа дополнителен договор.
Сепак, режимските сили со помош на сојузниците, и покрај Договорот од Сочи потпишан на 17 септември 2018 година, продолжуваат да изведуваат напади.
Припадниците на Цивилната заштита наведуваат дека во нападите изведени од 25 април загинале најмалку 135 цивили, а повеќе од 365 се ранети.