Могерини: ЕУ во затегнатоста помеѓу САД и Иран се на страната на преговори

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини истакна дека Унијата во затегнатоста помеѓу САД и Иран е на страната на преговори

1200620
Могерини: ЕУ во затегнатоста помеѓу САД и Иран се на страната на преговори

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини по состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) во главниот град на Белгија, Брисел, одговараше на прашањата на претставниците на печатот.ж

Могерини истакна дека Унијата во затегнатоста помеѓу САД и Иран е на страната на преговори.

На едно поставено прашање „Дали на остварената средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео било побарано од неја, ЕУ да го убеди Иран да се врати на преговарачката маса?“, Могерини одговори со следните зборови: „На оваа средба (со Помпео) тоа беше побарано. Знаете, ние како ЕУ секогаш сме на страната на дијалог и дипломатски односи, вклучувајќи го и прашањето со Иран.“ Така да ние секогаш сме на страната на преговори.“

Истакнувајќи дека како таа самата, така и некои министри на ЕУ го повикале американскиот државен секретар Мајк Помпео да избегнуваат од покачување на воената тензија со Иран, Могерини додаде дека исто така и иранските власти треба да ги исполнат сите свои обврски кои што произлегуваат од нуклеарниот договор. 

 



Слични вести