Трамп го убедиле во однос на Халифа Хафтар во Либија, Бин Салман и египетскиот претседател ел-Сиси

Во веста на американскиот весник „Вол Стрит Џорнал“ ослонувајќи се на еден американски и двајца саудиски функционери, беше информирано за разговорите помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Мухамед бин Салман и ел-Сиси

1200009
Трамп го убедиле во однос на Халифа Хафтар во Либија, Бин Салман и египетскиот претседател ел-Сиси

Како што се наведува, американскиот претсеадтел Доналд Трамп во однос на прашањето за поддршка на генералот Халифа Хафтар во Либија го убедиле саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман и египетскиот претседател Абдулфетах ел-Сиси.

Во веста објавена во американскиот весник „Вол Стрит Џорнал“, а ослонувајќи се на еден американски и двајца саудиски функционери, беше информирано за разговорите за Либија помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман и египетскиот претседател ел-Сиси.

Во веста се вели дека бин Салман и ел-Сиси кои ја сметаат за „свој ривал“ Владата на национално единство која располага со меѓународен легитимитет во Либија, во последно време воделе иницијативи во Белата куќа.

Египетскиот претседател Абдулфетах ел-Сиси кој на 9 април во Белата куќа се состана со претседателот Трамп од него посакал да го поддржи генералот Халифа Хафтар. Американскиот функционер кој бил информиран за разговорите за кои станува збор истакна дека истиот ден и саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман разговарал телефонски со Трамп и на сличен начин побарал поддршка за генералот Хафтар.

Во веста стои дека саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман велејќи дека „управата во Триполи е поврзана со ДЕАШ и Ал Каеда“ се обидел да го убеди Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп за кого се вели дека бил убеден со изјавите на саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман и египетскиот претседател Абдулфетах ел-Сиси, на 15 април разговарал телефонски со генералот Халифа Хафтар. 

Од Белата куќа на 19 април беше објавено писмено соопштение во врска со прашањето и беше употребен изразот „Претседателот Доналд Трамп на 15 април 2019 година разговараше со маршалот Халифа Хафтар за неговите напори во борбата против тероризмот кои што ги продолжува и за потребата од воспоставување на стабилноста.“

Инаку, лидерот на вооружените сили во источниот дел на Либија генералот Халифа Хафтар на 4 април издаде наредба за заземање на главниот град Триполи, по што и меѓународно признатата Влада на национално единство ја започна операцијата Буркан ел-Гадаб (Вулкан на гневот).

 



Слични вести