Асадовиот режим се подготвува да ги заземе населените места во подрачјето на Идлиб

Режимските сили со поддршка и на Русија од воздух, во последната една недела ги продолжуваат обидите за напредување од јужниот дел на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“

1200273
Асадовиот режим се подготвува да ги заземе населените места во подрачјето на Идлиб

Режимските сили составени од армијата на режимот на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран се подготвуваат да го прошират обемот на ограничените напади во подрачјето на градот Идлиб и да ги заземат населените места во периферијата на градот.

Режимските сили со поддршка и на Русија од воздух, во последната една недела ги продолжуваат обидите за напредување од јужниот дел на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

Минатата недела режимските сили ги зазедоа селото Ел Ченабире, ридот Осман, населеното место Кефренбуде, месноста Калето Мадик и селата Ел Шериа, Ел Тувејне, Ел Киркат и Баб Ет Така и почнаа да напредуваат во областа од 15 до 120 километри каде што согласно спогодбата за Идлиб со датум од 17 септември 2018 година беше исчистена од тешкото оружје.

На тој начин режимските сили пристигнаа на некаде околу еден километар оддалеченост од границите на градот Идлиб.  

Следна цел на режимските сили се претпоставува дека ќе биде заземањето на селата Ел Хабит, Ес Сихрије и Кирата и на тон начин да пристигнат до границите на градот Идлиб.

Инаку, градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија речиси од почетокот на граѓанската војна досега е во својство на тврдина на опозиционерите.

Со внатрешното раселување населението на градот Идлиб достигна до приближно 4 милиони жители.

Идлиб во март 2015 година премина под контрола на опозиционерите и се наоѓа меѓу местата кои што се подложени на најжестоките напади на режимот.



Слични вести