Предупредување од ЕУ во врска со состојбата во Идлиб во Сирија

Високата претставничка на на ЕУ Могерини укажа на растечката тензија во последно време во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија и истакна дека бомбардирањето на училиштата и болниците со барел бомби е во спротивност со меѓународното право

1197859
Предупредување од ЕУ во врска со состојбата во Идлиб во Сирија

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини објави писмено соопштение во кое привлече внимание дека во Сирија доаѓа до зголемување на човечките загуби и дека во последно време се принудени на иселување приближно 150 илјади лица.

Могерини укажа на растечката тензија во последно време во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во северозападниот дел на Сирија и истакна дека бомбардирањето на училиштата и болниците со барел бомби е во спротивност со меѓународното право. 

„Бомбардирањето со барел бомби на училиштата и болниците во северозападниот дел на Сирија со реализирање на воздушни напади, значи прекршување на меѓународното право, кое што не може да се прифати.“ - рече Могерини.

Федерика Могерини напомена дека Европската унија (ЕУ) е одлучна по прашањето на тоа дека одговорните треба да се казнат и додаде дека се наоѓаат во опасност се животите на приближно 3 милиони цивили. 

Инаку во воздушните и копнените напади реализирани од страна на режимските сили составени од војниците на Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран заедно и со Русија, врз цивилните населени места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“, во последните 6 дена загинаа најмалку 93'јца цивили.

Турција, Русија и Иран на состанокот во Астана на 4 и 5 мај 2017 година, градот Идлиб и околината ги прогласија за „Зона за намалување на затегнатоста“.

По нападите на режимските сили со кои што беше прекршуван започнатиот прекин на огнот во овие рамки, Турција и Русија за подрачјето за кое што станува збор постигнаа дополнителна спогодба.

Меѓутоа и покрај потпишаната спогодба на 17 септември 2018 година во Сочи, сирискиот режим со поддршка и на своите поддржувачи ги продолжува нападите.

Во рамките на постигнатите договори од Астана, Русија како гаранторска земја на Асадовиот режим располага со обврска за спречување на нападите на режимските напади.

 

 

 

 



Слични вести