Поради експлозијата на цистерна во Нигер прогласена тридневна жалост

Во западноафриканската држава Нигер е прогласена тридневна жалост поради експлозијата на танкер во која бројот на загинатите се зголеми на 60 лица

1197715
Поради експлозијата на цистерна во Нигер прогласена тридневна жалост

Поради експлозијата на цистерна во главниот град на Нигер, Ниамеј, во која животот го загубија 60 лица, е прогласена тридневна жалост во оваа западноафриканска земја. 

Во објавеното соопштение од владата на Нигер се истакнува дека бројот на загинатите во експлозијата до која дојде во близина на аеродромот Диори Хамани во источниот дел на главниот град Ниамеј се зголеми на 60 лица.

Во соопштението се вели дека поради овој жалосен настан во периодот од 8 до 10 мај е прогласена тридневна жалост во земјата.

При превртување на цистерна со гориво во неделата во една бензинска станица горивото кое што го превезуваше истече наоколу. Поради искра која што се појави од контактот на еден моторцикл  меѓу големиот број лица кои се обидувале да го соберат истеченото гориво, цистерната почна да гори и експлодира. 

Во случајот возачот на цистерната се спаси жив од експлозијата, а животот го загубија 60 лица кои се наоѓаа меѓу големиот број лица кои беа насобрани околу бензинската станица за да го соберат истеченото гориво.



Слични вести