Во синоќешните напади на Асадовиот режим врз Идлиб загинаа 4 цивили

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во нападите кои што продолжиле во текот на ноќта загинале вкупно четворица цивили од кои двајца во селото Кефер Мус и по еден во селата Мерџ ез Зухур и Рас ел Ајн кај Идлиб

1197373
Во синоќешните напади на Асадовиот режим врз Идлиб загинаа 4 цивили

Во реализираните напади синоќа од страна на режимот на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран врз цивилните населени места во рганиците на „Зоната за намалување на загетнатоста во Идлиб“ загинаа четворица цивили.

Режимските сили составени од војниците на Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран заедно и со Русија реализираат жестоки воздушни и копнени напади во северниот и западниот дел на Хама, југоисточниот и југозападниот дел на Идлиб и западното рурално подрачје на Алепо кои се наоѓаат во границите на „Зоната за намалување на загетнатоста во Идлиб“.

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во нападите кои што продолжиле во текот на ноќта загинале вкупно четворица цивили од кои двајца во селото Кефер Мус и по еден во селата Мерџ ез Зухур и Рас ел Ајн кај Идлиб.

Поради тоа што продолжува жестокото бомбардирање врз руралните подрачја на градовите Хама и Идлиб во границите на „Зоната за намалување на загетнатоста во Идлиб“, екипите за Цивилна одбрана се загрижени од можноста за зголемување на бројот на загинатите и ранетите.

Во извештајот на Сириската мрежа за човекови права (СНХР) за месец април, во нападите на Асадовиот режим загинаа 127 цивили, а во воздушните напади на Русија 13 цивили.

Турција, Русија и Иран на состанокот во Астана на 4 и 5 мај 2017 година, градот Идлиб и околината ги прогласија за „Зона за намалување на затегнатоста“.

По нападите на режимските сили со кои што беше прекршуван започнатиот прекин на огнот во овие рамки, Турција и Русија за подрачјето за кое што станува збор постигнаа дополнителна спогодба.

Меѓутоа и покрај потпишаната спогодба на 17 септември 2018 година во Сочи, сирискиот режим со поддршка и на своите поддржувачи ги продолжува нападите.

Во рамките на постигнатите договори од Астана, Русија како гаранторска земја на Асадовиот режим располага со обврска за спречување на нападите на режимските напади.



Слични вести