Организацијата репортери без граници реагираше на израелскиот напад врз „Anadolu Agency“ во Газа

Организацијата репортери без граници (РСФ) истакна дека и покрај тоа што зградата во која се наоѓаше и канцеларијата на Новинската агенција Анадолија „АА“ беше срушена, персоналот на новинската агенција продолжува да работи

1196998
Организацијата репортери без граници реагираше на израелскиот напад врз „Anadolu Agency“ во Газа

Организацијата репортери без граници (РСФ) покажа реакција против реализираниот напад од страна на Израел на зградата во која се наоѓаше и канцеларијата на Новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency), во Појасот Газа.

Во објавеното писмено соопштение од Организацијата репортери без граници (РСФ) се потсетува дека  израелската армија во саботата реализираше воздушен напад со најмалку 5 ракети врз зградата во која се наоѓаше и канцеларијата на Новинската агенција Анадолија „АА“ во Појасот Газа, кој што се наоѓа под блокада, и дека во нападот беше целосно срушена погодената зграда.

Во соопштението се нагласува дека и покрај тоа што зградата во која се наоѓаше и канцеларијата на Новинската агенција Анадолија „АА“ беше срушена, персоналот на новинската агенција продолжува да работи и да ја извршува својата новинарска задача.

„Медиумите не треба да се сметаат за страна во судирите и апсолутно не треба да станат цел на напади“ - се вели во објавеното писмено соопштение на Организацијата репортери без граници (РСФ).

 



Слични вести